Британија во текот на коронакризата на граѓаните ќе им плаќа половина од сметката во рестораните и кафулињата

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Попустот функционира така што гостинот веднаш добива намалена сметка, а потоа рестораните надомест за разликата ја бараат од владата.

Британската влада од 3. до 31. август ја спроведува програмата „Јади надвор за да помогнеш“ (Eat out to help out )  со која субвенционира 50 отсто од износот на сметката за да ги поттикне граѓаните да јадат надвор и да ги спасат рестораните од затворање.

Се работи за програма внатре во проектот Коронавирус (ковид-19) Бизнис поддршка (Business support).

Субвенционирањето на сметките важи во понеделник, вторник и среда, односно деновите кога прометот во рестораните е помал. Нема ограничување на бројот на попусти, единствен услов е угостителскиот објект да е регистриран во проектот „Јади надвор за да помогнеш“.

Попустот се однесува на храна или безалкохолни пијалоци. Се субвенционира максимално до 10 фунти по гостин.

Се напоменува дека попустот не важи за алкохолни пијалоци и за услуги на вработените на ресторанот.

Попустот функционира така што гостинот веднаш добива намалена сметка, а потоа рестораните надомест за разликата ја бараат од владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот