Британците најверојатно нема да можат да одат на одмор во странство

Англија укинува тестирање за вакцинирани / Фото: ЕPA-EFE/JIJI

Британците веројатно ова лето нема да можат да патуваат на годишен одмор во странство поради пандемијата на коронавирусот, изјави министерот за здравство Мет Хенкок.

На прашањето дали луѓето треба да прифатат дека ова лето нема да има патувања во странство, тој во емисија на ИТВ рече: „Мислам дека тоа веројатно е така”.

Додека британската Влада полека се обидува да отвори некои сектори на економијата, одредени форми на физичко растојание ќе бидат потребни уште некое време.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека е планирано воведување на 14-дневен карантин за патниците кои доаѓаат од странство, со цел да се спречи втор бран на епидемија на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот