Брестовац: Задоволен сум од ракометарите

фото:РФМ

Македонската репрезентација е поразена од Португалија со 25:29 во осминафиналето на Светското првенство кое се игра во Скопје.  Сепак, селекторот Данило Брестовац е задоволен од прикажаната игра на неговите избраници бидејќи го дадоа максимумот.

– Сакавме да играме со Португалија. Ја избравме, мислев дека можеме против нив. Видов дека ќе биде тешко против Германија и против Исланд. Имавме еден гол предност, но не успеавме да славиме на крајот. Може да се забележи дека за нас е полесно кога играме против европски репрезентации.

Но, ни недостига физичка и техничка подготовка, а имаме уште работа за да произведеме ракометари за А-репрезентацијата. Задоволен сум од играчите, сепак за разлика од нас, португалските ракометари редовно играат во нивните клубови и имаат поголемо искуство.

Треба да бидеме среќни ако од оваа генерација излезе уште некој потенцијал за А-селекцијата, покрај Серафимов, Костески и Кизиќ. Знам дека постои разочарување, но ако сме искрени, ние сме селекција од Б-дивизија и треба да тежнееме што побрзо да дојдеме до А дивизија– изјави Брестовац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот