Брегу: Одливот на „мозоци” е најголем предизвик за Западен Балкан

Таа додаде дека според официјалните податоци „во изминатите седум година на Западен Балкан се отворени повеќе од 700 илјади нови работни места и дека стапката на невработеност во целиот регион е намалена од 23 на 16 отсто.

Вкупниот број на работоспособно население на Западен Балкан е намалено за 400 илјади луѓе во последните пет години, а одливот на квалификувани кадри е најголемиот предизвик во оваа деценија за Западен Балкан, изјави денеска во Сараево генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу.

Зборувајќи на регионална конференција посветена на намалување на сивата зона на вработени што ја организира РСС во соработка со Меѓународната организација на трудот (МОТ), Брегу појасни дека оваа бројка се должи на негативниот природен прираст, но и на забрзаните процеси на миграции.

-Според Светска банка речиси половина од компаниите во регионот, 49, 2 отсто, се натпреваруваат со еформални компании. Стапката на неформалното вработување во регионот се движи од 18 до 30 отсто- рече Брегу

Таа додаде дека според официјалните податоци „во изминатите седум година на Западен Балкан се отворени повеќе од 700 илјади нови работни места и дека стапката на невработеност во целиот регион е намалена од 23 на 16 отсто. Меѓутоа, не сите ги почувствуваа предностите на овие економски подобрувања на пазарот на трудот во изминатата деценија”.

На регионалната конференција на која учествуваат министрите за труд и социјална политика од земјите од Западен Балкан беше претставен проектот ЕСАП2 – Платформа за вработување и социјални прашања, што го спроведува РСС со помош на МОТ и со финасиска поддршка од ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот