Бред Пит му се заблагодари на колегата на помошта: Престанав да пијам благодарение на тебе (ФОТО+ВИДЕО)

профимедиа

„Престанав да пијам поради овој човек, и секој ден е посреќен од тогаш”

Американскиот актер Бред Пит му се заблагодарил на колегата Бредли Купер за помошта која му ја пружил во борбата против алкохолизмот.

Пит неочекувано почнал да зборува за својата борба со зависноста од алкохол на доделувањето на NBR филмските награди, откако наградата ја примил токму од Купер.

Тој рекол дека Купер е прекрасен татко и одличен пријател, велејќи дека Купер задоцнил на тој настан бидјеќи ја успивал својата ќерка.

„Престанав да пијам поради овој човек, и секој ден е посреќен од тогаш”, додал Пит.

Бред Пит во борбата против зависноста од алкохол влегол по разводот од Анџелина Џоли, но во јавноста не можел да зборува за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот