Бразилскиот фудбалер Нејмар од Саудиска Арабија се враќа во Барса?!
Нејмар минатото лето се пресели од ПСЖ во Ал Хилал, а веќе би можел да ја напушти Саудиска Арабија и да се пресели во „Ла Лига“.
Бразилецот повторно би можел да стане член на Барселона, клубот во кој го играше веројатно својот најдобар фудбал, а кој го напушти пред седум години.
Шпанските медиуми сега пишуваат дека 32-годишниот напаѓач е во контакт со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта и дека овие контакти резултирале со желба да се врати.
Играјќи за Барса, Нејмар освои осум трофеи, од кои еден во Лигата на шампионите и два во шпанското првенство. Вкупно за тимот одигра 186 натпревари со учинок од 105 гола и 76 асистенции.
Евентуалното враќање на Нејмар во Барса, според Шпанците, пореално е да се очекува во летото 2025 година, кога му истекува договорот, отколку сега. Причината се финансиските проблеми во каталонскиот клуб, кој исто така сака да види колку Нејмар е физички подготвен за напорите во „Ла Лига“ и ЛШ. Исто така, останува да се види за која плата би бил подготвен да игра Нејмар во евентуалниот втор мандат во Барса.
🚨 Neymar Jr está ansioso para retornar ao Barcelona.
🗞️| @BarCanaletes pic.twitter.com/HTAMJZCvRM
— Emperor Neymar | Fan Account (@EmpNeymar) March 27, 2024