Бразилската легенда Ривалдо: Нејмар да ја поправи грешката!

twitter.com/jovempansports

Легендата Ривалдо уште еднаш ги повика клупските газди да дадат сè од себе за да ја вратат големата ѕвезда на ПСЖ.

– Сите знаеме што се случи со Нејмар. Неговата разделба со Барселона беше грешка. Тој никогаш не требаше да си замине од клубот. Но, сега тој едвај чека да се врати и да ја поправи својата грешка – напиша Ривалдо на својот профил на Инстаграм.

Фановите веднаш забележаа дека на таткото на Нејмар, му се допаднал статусот на светскиот шампион од 2002 година, што би можело да биде и како најава за сензационално враќање на „Камп Ноу“.

Ривалдо (47) своевремено со Барса двапати ја освојуваше „Ла Лига“, а по еднаш УЕФА Суперкупот и Копа дел Реј. Во 157 натпревари реализираше 86 голови во каталонскиот дрес.

Што се однесува до можниот трансфер на Нејмар во Барселона, француските медиуми денеска известија дека во Париз се одржани нови преговори.

Каталонскиот „Мундо депортиво“, пак, тврди дека е постигнат договорт и дека пресудила желбата на Бразилецот за враќање во Барселона. Според истите извори, Барса ќе плати 160 милиони евра за играчот, а исплатата ќе биде реализирана во две рати.

Освен тимот од „Камп Ноу“, во трката за Нејмар се наоѓаат уште Реал Мадрид и Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот