Остана уште малку време, последна понуда за Нејмар (ФОТО)

okdiario.com

Веќе одредено време се пишува за интересот на Барселона и Реал Мадрид, а неодамна се појави и информација дека и Јувентус е заинтересиран за услугите на Нејмар.

Првата желба на париската ѕвезда е да се врати во редовите на Барса, но досега каталонскиот клуб досега не успеа да ја испрати вистинската понуда. Имаше неколку понуди на адресата на париските „светци“ кои вклучуваа пари и некои играчи на Барселона, но францускиот шампион ништо не прифати.

Француските медиуми пишуваат дека претседателот на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу денеска се сретнал со спортскиот директор на клубот со цел да поработат на плановите во намерата уште еднаш да се обидат да го ангажираат Нејмар.

Постојат два важни аспекти во овој завршен обид на Каталонците. Првиот е дека Барса мора да испрати понуда од 170 милиони евра, а доколку тоа е во форма на позајмица, тогаш опцијата за откуп на крајот од сезоната ќе мора да биде обрврзувачка, во спротивно челниците на ПСЖ нема да ја прифатат понудата.

Во вториот аспект Барселона мора да вклучи неколку играчи во понудата, а најмногу се спомнуваше Усман Дембеле, но тој не сака да го напушти „Камп Ноу“.

Единсон Кавани и Килијан Мбапе се повредија и ќе бидат надвор од теренот неколку седмици, а ова сега уште повеќе ја отежнува ситуацијата на Барса.

Бразилскиот интернационалец не настапи и против Тулуз, но сега после повредите на двајцата играчи на ПСЖ, можно е да добие шанса во наредното коло на „Лига 1“.

Летниот преоден рок во Шпанија официјално завршува на 2 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот