Бразилецот го нападна Ѓоковиќ: Ме провоцираше на теренот

EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Новак Ѓоковиќ утринава се пласира и во второто четвртфинале на Олимписките игри во Токио, откако по сингл, истото го стори и во мешани двојки.
Ѓоковиќ заедно со Нина Стојановиќ славеше над Бразилците Марсело Мело и Луиза Стефани со 6:3,6:4, а по мечот бразилскиот тенисер го нападна Новак.

Мело смета дека Ѓоковиќ го провоцирал на теренот, односно некои поени ги прославувал премногу гласно, и дека неспортски се однесувал кон бразилскиот тим на трибините.
– Ме изненади, но на негативен начин. Немаше потреба за такво нешто. Пред два дена сними видео на кое зборуваше за Бразил и Бразилците, за нашата енергија, а сега се однесува така… Имаше смеч директно во мојот грб кој не мораше баш така да го одигра. Но ова е тенис и секој се обидува да игра како сака, јас лично не би играл така – изјави Мело кој потоа истакна дека Ѓоковиќ еден поен прославил така што гледал директно во него.

– Постојат работи кои не можам да ги разберам. Како и зошто? Нишно не направивме за да го заслужиме тоа. Во еден момент за малку ќе ја погодеше Луиза. Ова се олимписки игри, се се случува на теренот, но тоа што Новак го прави би требало да има одредени граници. Не сакам да создавам контроверзи и полемики, но секој кој го гледаше мечот и знае да чита меѓу редови, тогаш знае за што зборувам.

Самиот Ѓоковиќ беше изненаден кога дозна што изјавил Мело.
– Мело рекол дека сум го провоцирал? Сериозно? Навистина немам коментар на тоа – -кратко порача Ѓоковиќ.
Утре наутро Новак Ѓоковиќ ќе игра во четвртфиналето во поединечна конкуренција против Кеи Нишикори, а потоа и во четвртфиналето во мешани двојки со Нина Стојановиќ против Лауза Зигемунд и Кевин Кравиц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот