Брајант: Србија има големи шанси да ги победи САД

Фото: EPA/MARK R. CRISTINO

Ѕвездата на ЛА Лејкерс, Коби Брајант кој е промотор на Светското првенство во Кина, верува дека и покрај многуте откази од големите НБА ѕвезди, репрезентацијата на САД, има добри шанси да ја одбрани титулата.

– Имаме одлични кошаркари. Мислам дека тоа што сите ги отпишуваат е дополнителен мотив за играчите. Иако ги нема најголемите НБА ѕвезди, имаме млади играчи кои за 2-3 години ќе бидат носители на играта во своите екипи. Верувам дека се ќе биде во ред – вели Брајант.

Брајант кој веќе две години е во кошаркарска пензија, како еден од главните фаворити и најголем конкурент на САД за титулата ја посочи селекцијата на САД.
– Србија шанси да ги совлада кошаркарите на САД. Како и секогаш, тие имаат одлични играчи, и тој дуел доколку се случи ќе донесе одлична кошарка – вели Брајант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот