Борисов предложи експертска влада на 6 месеци, Петков ја отфрли идејата

Петков-Борисов / Фото Колаж на СП/ ЕПА

Лидерот на бугарската партија ГЕРБ, Бојко Борисов даде предлог да се потпише документ за работа на конкретни политики и создавање на нова бугарска влада со мандат од 6 до 9 месеци или до локалните избори до есента 2023 година, јавува дописникот на МИА од Софија.

Борисов појасни дека со потпишување на таков документ партиите во бугарското народно собрание нема да бидат извалкани од коалиции кои тие самите не ги сакаат. Копретседавачот на „Продолжуваме со промената“ Кирил Петков го отфрли предлогот на лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов и нема да даваат поддршка за влада во прв мандат.

Петков коментира дека ако некој сака да се крие зад експерти, тоа нема да се случи. Кирил Петков го повтори својот предлог „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“ да формираат малцинска влада и дека се подготвени да управуваат со Бугарија во најтешките месеци во зимата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот