Борел: Руската блокада на украинско жито е еден вид воено злосторство

Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, ја повика Русија да ги деблокира украинските пристаништа и оцени дека руската блокада на извозот на милиони тони украинско жито е еден вид „воено злосторство”.

-Ја повикуваме Русија да ги деблокира украинските пристаништа. Незамисливо е, никој не може ни да замисли дека милиони тони жито се блокирани во Украина додека остатокот од светот гладува, изјави Борел пред новинарите по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.

Британските медиуми ја пренесуваат неговата оценка дека тоа е „вистинско воено злосторство”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот