Борец ангажираше тројца младински репрезентативци

facebook.com/fkborec1919/

Борец одлично се подготви на висинските припреми во Банско. Велешани одиграа повеќе пријателски средби одлично, како во земјава така и во соседна Бугарија каде што одигра неколку интернационални мечеви.

Во екипата владее тимски дух, позитивна енергија и желба за докажување во шампионатот. Не се оптоваруваат со ниту еден тим ниту со распоредот, туку пристапуваат од натпревар во натпревар. Клубот воедно најави дека в недела од 19 часот ќе го игра последниот тест во Штип против Брегалница.

– Покана до Гемиџиите и сите наши подржувачи, љубители и сограѓани да присуствуваат и да го бодрат нашиот тим на овој последен пријателски натпревар пред стартот на долго очекуваната сезона во ПМФЛ – соопштуваат од ФК Борец Велес.

facebook.com/fkborec1919/

Еден видно изменет состав, за новата натпреварувачка сезона 2019/20 ангажирани се неколку нови фудбалери.

Во своите редови клубот ги донесе Никола Прелчец (Хрватска, Истра), Џорџе Ивљанин (Србија, Јагодина), а се засили и со тројца младински репрезентативци:

-Филип Трајановски (Шведска, Хакен-Академија Пандев)
-Емил Абаз (Динамо Загреб, Белгија, Андерлехт, Бершот)
-Стефан Богдановски (Словачка, Спарта Трнава, Серед)
-Мартин Блажевски (Македонија ЃП)
-Владимир Жоглев (Победа)
-Стефан Лазаревиќ (Македонија ЃП, Тетекс)
-Како и со голманот Бурхан Мустафа (Косово)

И со постоечкиот кадар и тимот којшто успеа минатата сезона да ја освои Втората лига – Исток, Борец создаде еден квалитетен и кадарен колектив да го понесе притисокот во ПМФЛ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот