Бордот на НБА одлучи: Сезоната продолжува во Орландо и тоа само со 22 екипи

Дури 97 проценти од кошаркарите во НБА лигата се вакцинирани против коронавирус/фото: EPA-EFE/WU HONG

Челниците на НБА денеска одлучија најквалитетната кошаркарска лига да продолжи во Орландо, а сезоната ќе ја продолжат 22 екипи наместо 30, пренесува ЕСПН.

Како што наведува ЕСПН и највлијателниот новинар, Адријан Војнаровски, на гласањето на Бордот на гувернери кој го сочинуваат сопствениците на НБА екипите, од 30 само еден глас бил против ваквата одлука.

Според планот на комесарот Адам Силвер, 13 екипи од Западната конференција и девет од Источната ќе ја продолжат сезоната. Секоја екипа ќе одигра по осум натпревари по што потоа се ќе зависи од распоредот на табелата.

Доколку разликата помеѓу осмопласираниот и деветтиот на табелата биде четири или повеќе победи, тогаш веднаш ќе се стартува со плеј-офот. Доколку разликата биде помала ќе се игра плеј-ин турнир за пласман во плеј-офот.

Крајот на сезоната е предивден за октомври годинава по што кошаркарите на кои им истекуваат договорите како слободни играчи ќе можат да прават трансфери, а потоа ќе следи и драфтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот