Борбени авиони во замена за Светско Првенство: Саркози го притиснал Платини за СП во Катар

EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY/EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Наскоро започнува Светското првенство во Катар и возбудата до овој голем настан е се поголема, меѓутоа сега во јавноста излезе поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер. 

Блатер во медиумите се потсети како Катар го добил Светското првенство. Многу се пишуваше досега дека Катарците на нечесен начин стигнале до домаќинството на Мундијалот, меѓутоа за првпат е вмешан и претседателот на Франција Саркози.

„Изборот Катар да биде домаќин беше голема грешка. Со Русија веќе се беше договорено да биде домаќин во 2018 година, а после се работеше да биде САД. Тоа требаше да биде еден гест за мир помеѓу овие две земји“, раскажа Блатер.

Големата промена настанала на само седум дена пред Конгресот на ФИФА во 2010 година каде што се одлучувало кој да биде домаќин. Дека Катар треба да биде домаќин првпат слушнал од поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини.

„Ми се јави Платини и ми кажа дека планот кој заедно го направивме не може да се реализира. Ме извести дека добил повик од францускиот претседател Никола Саркози кој имал средба со првиот човек на Катар. Бев против таквата идеја, но тогаш Платини ме праша што би направил ако претседателот на државата побара нешто од мене. Му одговорив дека немам такво чувство затоа што немаме претседател во Швајцарија. На гласањето за Катар да биде домаќин место САД одлучија тие четири гласа на Платини“, се потсети Блатер.

Функцијата претседател на ФИФА, Блатер ја напушти во 2015 година поради корупциски скандал. Потврди дека Катар со пари стигнал да биде домаќин, шест месеци по тој настан Франција добила борбени авиони од Катар.

„Сите знаат дека Катар поради парите ја доби организацијата на Мундијалот. Само шест месеци по Конгресот на ФИФА, Франција од Катар доби нови борбени авиони“, откри Блатер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот