Боливискиот министер за одбрана поднесе оставка

Фото: EPA-EFE/MARTIN ALIPAZ

Боливискиот министер за одбрана Хавиер Завалета денеска поднесе оставка поради протестите кои ја зафатија земјата, соопшти Министерството за одбрана.

– Поднесувам оставка на функцијата министер за одбрана, со цел да го одржам единството на вооружените сили, изјави Завалета, додавајќи дека врховниот командант Ево Моралес, кој пред два дена поднесе оставка, никогаш не и наредил на војската, ниту на морнарицата, да вперат оружје во својот народ.

Тој истакна дека „доколку сега војската употреби оружје против народот, за тоа ќе бидат одговорни оние кои така одлучиле”.

Претходно, командантот на боливиските безбедносни сили Вилијамс Калиман изјави дека војската ќе и се придружи на полицијата со цел да се зачува мирот на улиците низ Боливија.

Истовремено, Завалета ги повика претседателскиот кандидат и главен противник на Моралес на неодамна одржаните избори, Карлос Меса и лидерот на протестите Луис Фернандо Камачо да спречат ескалација на судирите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот