Боливија прогласи вонредна состојба

фото: Принтскрин

Претседателот на Боливија, Ево Моралес, прогласи вонредна состојба во земјата по протестите што избувнаа откако се прогласи за победник на претседателските избори. Таа е прогласена со цел да се „заштита на демократијата“.

Вчера во Боливија беа уапсени 27 лица за вандализам што доведе до уништување на јавна и приватна сопственост и ги доведе до опасност животите на луѓето.

Врховниот изборен суд во Боливија доцна во понеделникот објави дека со 95,43 проценти од преброените гласови, актуелен претседател Ево Моралес освои 46,86 проценти, додека неговиот противкандидат Карлос Меса имаше 36,72 проценти од гласовите.

Така, актуелниот претседател на Боливија го победи свој против кандидатот, со оглед на тоа што услов за победа во првиот круг е или повеќе од 50 проценти од гласовите или дека еден од кандидатите имал повеќе од 40 проценти од гласовите, но барем 10 проценти повеќе од спротивниот кандидат. Ако оваа разлика е помала од 10 проценти, тогаш би имало втор круг.

Прелиминарните резултати објавени во неделата покажаа дека ќе има втор круг на избори, односно на 85 проценти од пребројувањето на гласовите, разликата беше помала од 10 проценти. Во меѓувреме, изборната комисија не ги објави резултатите сè додека Моралес не беше прогласен за победник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот