Боли глава од платата на Гризман во Барса

EPA-EFE/EMILIO NARANJO

Антоан Гризман од 1 јули ќе биде нов член на Барселона, објавуваат шпанските медиуми. Барселона по шокантната елиминација од Ливерпул во полуфиналето од Лигата на шампионите, одлучи да направи ремонт на екипата, 10 фудбалери се ставени на трансфер листата, а што се однесува до новите фудбалери, раководството досега договори три екстра засилувања.

Френки Де Јонг од поодамна е „капарисан“ за сума од 75 милиони евра и по завршувањето на сезоната во холандскиот шампионат, ќе се пресели на „Камп Ноу“. Тој веќе потпиша петгодишен договор кој ќе му гарантира 10 милиони евра по сезона.

По неговите стапки ќе тргне и капитенот на Ајакс, Матијс Де Лихт. Претседателот и финансискиот директор на Барселона, Бартомеу и Оскар Грауро имале средба со директорите на Ајакс, Едвин ван дер Сар и Марк Овермарс и е договорено каталонскиот клуб да плати 70 милиони евра обесштетување за Де Лихт.

Младиот фудбалер веќе имал средба со својот менаџер, Мино Рајола на кој му наложил да ги одбие понудите на Манчестер јунајтед и на Јувентус.
Барселона нема ништо официјално да објави се до одигрувањето на финалето на Кралскиот куп на 25 мај.

Последното засилување е и најзвучно, Антоан Гризман од Атлетико Мадрид. Откупната клаузула за Гризман изнесува 200 милиони евра, но на 1 јули таа се намалува на 120 милиони и тогаш Барселона ќе ја активира клаузулата.

Според шпанските медиуми „Ас“ и „Спорт“, Гризман веќе ги договорил личните услови со Барселона и се очекува на првиот ден од летниот преоден рок да потпише петгодишен договор.
Според договорот тој во првата година ќе има плата од 17 милиони евра, и секоја наредна година, платата ќе се зголемува за еден милион евра, за во последната петта година од договорот таа да изнесува 21 милион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот