Барселона ќе прави „ремонт“ на лето

EPA-EFE/MARISCAL

Новото разочарување на Барселона во Лигата на шампионите го натера раководството на екипа, на лето, да направи вистински ремонт на екипата.
Дури десет фудбалери по завршување на сезоната ќе бидат ставени на трансфер листата, најзвучно име е тоа на Фелипе Кутињо кој се покажа како најголемо разочарување во последната деценија. Кутињо беше купен од Барселона за 120 милиони евра плус бонуси но не успеа да ги оправда вложените средства.

Освен Бразилецот, си одат уште и Кевин Принц Боатенг, Џејсон Муриљо, Томас Вермален, Јаспер Силесен, Самуел Умтити, Малколм, Рафиња, Денис Суарез и Иван Ракитиќ.
Челниците на екипата, одлучија прво засилување да биде напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман. Каталонскиот клуб е подготвен да ја плати откупната клаузула која изнесува 120 милиони евра, Французинот се согласил да премине на „Камп Ноу“ и да игра за годишна плата од 16 милиони евра.

Веќе е договорен трансферот и на Френки де Јонг од Ајакс кој треба да биде нов креатор на играта на Барселона. Барселона е пред договор и со уште една млада ѕвезда на Ајакс, капитенот Матијс де Лихт, и со новите три засилувања за кои каталонскиот клуб ќе издвои околу 300 милиони евра ќе се обиде конечно да дојде до трофејот во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот