Гризман се кае, сака во Барселона и за помала плата - Слободен печат
СпортФудбал

Гризман се кае, сака во Барселона и за помала плата

Французинот е подготвен да се откаже од седум милиони евра само за да се прелеси на Камп Ноу

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман е подготвен да прифати намалување на платата само за да премине во редовите на шпанскиот шампион Барселона. Гризман им признал на најблиските пријатели дека се кае што минатото лето потпиша нов договор со Атлетико Мадрид иако имаше понуда од каталонскиот клуб.

Гризман во Атлетико Мадрид со новиот договор заработува 23 милиони евра годишно но елиминацијата од Јувентус во Лигата на шампионите иако по првиот дуел неговиот тим имаше два гола предност, го натера да му порача на својот агент да проба да започне преговори со Барселона.

Францускиот репрезентативец е подготвен да се откаже од седум милиони евра и да добива 16 милиони евра во Барселона колку што прифати минатото лето.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close