Бојан Спиркоски е новиот напаѓач на ФК Пелистер

фото: facebook/ФК Пелистер Битола

Нов играч на фудбалскиот клуб Пелистер кој ќе се приклучи на подготовките е Бојан Спиркоски кој доаѓа од ФК Победа, игра во нападот каде што ќе се зголеми конкуренцијата.

Спиркоски претходно настапуваше и за ФК Силекс, ФК Брегалница, а има интернационална кариера во Јихлава, Чешка. Најзаслужен за влезот на ФК Победа во Првата лига беше токму Спиркоски каде постигна 20 голови и беше најдобар стрелец во Втората лига.

ФК Пелистер се подготвува за вториот дел од сезоната, од 27 јануари до 11 февруари ќе игра пријателски натпревари.

За в петок е закажан тестот против Караорман на Градскиот стадион Струга, потоа на 31 јануари ривал е Работнички на стадионот Билјанини извори во Охрид, а на истиот терен на 4 февруари ќе се соочат со ФК Брегалница.

Потоа, битолчани се селат во Прилеп каде на Градскиот стадион Гоце Делчев ќе играат против ФК Победа, а на Градскиот стадион Кавадарци контролен дуел ќе имаат со ФК Тиквеш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот