Богдановиќ: До Градот Скопје предложивме одложено плаќање на општествените давачки

-Од разговорите со полициските станици генерално се почитува полицискиот час. Користејќи ги сите алатки кои ни стојат на располагање одржуваме електронско одвивање на седниците. До сега се е во ред, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Околу плаќањето на данок на имот, Богдановиќ изјави дека општината ќе излезе со економски препораки за помош, како одложено плаќање на одредени давачки.

-Нашата иницијатива е доставено до град Скопје. Очекуваме оваа недела тие мерки да бидат донесени. Мислам дека е џабе спроведување карантин само за одредени општини – кога би се носела таква одлука сметам дека тоа треба да важи за целиот град, додаде Богдановиќ и изјави дека прошетките во паркот не се масовни и луѓето ја држат потребната дистанца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот