Благој Бочварски - министер за транспорт и врски / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Бочварски: Средба со кинеската компанија „Синохидро“ ќе има ако тие побараат

Министерот за транспорт и  врски Благој Бочварски вели дека доколку претставниците на кинеската компанија „Синохидро“ побараат средба секако дека ќе ја реализираат.

На техничко ниво се одржуваат и реализираат средби. Важно е дека компанијата има се уште рок за реализација и до 31 декември имаат и рок и фронт за работа, за да продолжат, изјави денеска Бочварски.

Одговарајќи на новинарско прашање Бочварски при посетата на Неготино, наведе дека „Синохидро“ во изминатиот период биле во координирана комуникација со Министерството, Јавното претпријатие за државни патишта и со сите подизведувачи во насока на решавање и расчистување на сите прашања, коишто се отварале во текот на изградбата.

Според Бочварски, без да се прави политички притисок, туку со стручна анализа ќе се дојде до најдобарата политичка одлука за завршување на автопатот.

Поддршката на ФИДИК експертот за автопатот Кичево-Охрид, како што појасни, ќе биде во насока во кој правец треба да продолжи државата за завршување на овој проект. Експертите кои Јавното претпријатие за државни патишта дополнително ќе ги ангажира ќе бидат во насока на најдоброто можно решение за свлечиштата и косините, што се реален и голем проблем на голем дел од трасата на автопатот Кичево-Охрид.

-Ова значи дека по утврдување на сите овие правци, коишто ќе произлезат од стручни лица, без притоа да се прави политички притисок, туку со стручна анализа ќе дојдеме до најдобарата политичка одлука, којашто ќе ја донесеме и за завршување на автопатот, но и за за тој автопат да биде безбеден, сигурен за патување на граѓаните, вели Бочварски.

11 нови свлечишта се појавиле на автопатот Кичево – Охрид?!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот