Блумберг: Речиси 30 милиони Американци гладуваат

Човек со заштитна маска поминува на пешачки премин на улица во речиси празната 6та Авенија / Њујорк, Сад 15 април 2020/ Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Несигурноста за храна за американските домаќинства достигна врв минатата недела – речиси 30 милиони Американци тврдат дека немале за јадење во текот на седум дена до 21 јули, објави Блумберг.

Во неделна анализа на Службата за следење на состојбата на домаќинствата, околу 23,9 милиони од 249 милиони испитаници рекле дека „немале што да јадат во одреден момент во неделата”, додека околу 5,42 милиони изјавиле дека „честопати немале никаква храна “.

Бројот на испитаници кои понекогаш немале доволно храна е најголем во 12-неделната студија.

Тоа е резултат на длабока рецесијапоради пандемијата што милиони Американци остави без работа. Невработените Американци добиваат дополнителни 600 американски долари неделно во вид на помош што треба да истече кон крајот на јули кога Конгресот ќе расправа за нов пакет помош.

Другите докази укажуваат на тоа дека економското закрепнување на САД може да се забави бидејќи избувнуваат нови случаи низ целата земја и државите ги откажуваат плановите за повторно отворање, нагласува Блумберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот