„Близнакот“ на Меси ги збуни навивачите! (ФОТО+ВИДЕО) - Слободен печат
СпортФудбал

„Близнакот“ на Меси ги збуни навивачите! (ФОТО+ВИДЕО)

Лионел Меси моментно со аргентинската репрезентација учествува на најновото јужноамериканско фудбалско издание „Копа Америка“.

Меси долго време чека трофеј со својот национален тим, а се надева дека тоа ќе го направи ова лето во Бразил каде што и се одржува „Копа Америка“.

Ѕвездата на Барселона, Меси секогаш и секаде го привлекува вниманието, така и во Бразил.

Човекот на име Пауло Витор В. Родригеш во 2016 година лансираше профил како „единствен и легитимен“ двојник на Лео Меси, иако луѓето не му веруваа(т) поради неговата преголема желба за слава.

Во меѓувреме овој човек имаше само една цел, оваа година да дојде во Салвадор на „Копа Америка“ и во кампот на Аргентина го запознае Меси.

Продава се и сешто само за да го види својот идол и еве што би му го кажал ако успее да се сретне со славниот играч:

– Ако еден ден го сретнам Меси, ќе му кажам дека тој е голем човек, тој го промени мојот живот и дека Бразил го сака. Бразилците го сакаат меси и тој е фантастична личност – вели Пауло.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close