Блинкен повторно во Израел како дел од напорите за постигнување прекин на огнот во Газа

Ентони Блинкен / Фото: Mark Schiefelbein / AFP / Profimedia

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигнува во Израел, како дел од интензивните дипломатски напори за време на турнејата низ регионот на Блискиот Исток за да се постигне „траен и моментален прекин на огнот“ во Газа и да се одврати израелската офанзива во Рафа.

Блинкен треба да се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху и со воениот кабинет на Израел, соопшти Стејт департментот.

Се очекува највисокиот американски дипломат да изврши нов притисок врз Израел да ја откаже офанзивата на Рафа и да укаже на итната потреба да се достави поголема хуманитарна помош за населението во Појасот Газа.

„Нашиот став, кој е многу јасен, е дека голема воена операција во Рафа би била грешка, нешто што ние не го поддржуваме“, изјави вчера Блинкен, пренесе Си-Ен-Ен.

Ова е шеста посета на Блинкен на регионот на Блискиот Исток од почетокот на војната во Појасот Газа, а се одвива паралелно со разговорите што се водат во Катар за пауза во борбите во Газа и ослободување на заложниците.

Советот на безбедност на ОН денеска ќе гласа за американската нацрт-резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот