Бјелица се раздели со Трабзон, Барди повторно ќе соработува со тренерот кој го доведе во Турција

Фото: Трабзонспор/Twitter

Тимот на Трабзонспор го отпушти тренерот Ненад Бјелица кој имаше договор до јуни 2025 година.

Под водство на Бјелица тимот имаше четири победи и четири порази од почетокот на сезоната, но раководството очигледно не било задоволно, па двете страни спогодбено се разделија.

Според информациите на турските медиуми Бјелица прифатил да му бидат исплатени платите до крајот на оваа сезона, а се откажал од останатиот дел до крајот на договор.

Нов тренер на Трабзонспор би требало да биде Абдула Авџи кој го водеше клубот од 2020 до март оваа година, тогаш се повлече од приватни причини. Инаку, токму тој го доведе Барди во Трабзон летото 2022 година. Со него Трабзон освои една титула и два Суперкупа на Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот