Битиќи: Во наредните четири години ќе го развиеме земјоделството, а Македонија ќе биде извозник на храна

Фото: СДСМ

Фатмир Битиќи, коносител на листа на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина од Изборна единица 2, на денешната прес-конференција која се одржа во Бутел, Скопје порача дека во наредните четири години ќе го развијат земјоделството за да можат да обезбедат стабилно и сигурно снабдување со храна, a Македонија да биде извозник на храна.

Тој вети дека во наредните четири години, во следниот мандат на Владата предводена од СДСМ, земјоделците ќе добијат поддршка од 1,35 милијарди евра! Од нив, 750 милиони евра ќе бидат директна финансиска поддршка за земјоделскиот сектор, а 600 милиони евра ќе се искористат за капитални инвестиции за проекти од руралниот развој.

-За тоа дека ова не се празни ветувања, зборува и тоа што го направивме, градевме и обезбедивме вода за земјоделците да произведуваат повеќе. СДСМ ја започна и ја заврши изградбата на браната Конско, капитален проект вреден 40 милиони евра, со кој на 4.000 хектари обработлива површина ќе се наводнува, и ќе се произведува повеќе храна. Завршени се и браната Славишко поле, Чаушица, Конопница и Пишица, истакна Битиќи.

Со фокус за развој на европско земјоделие, во наредните четири години Битиќи посочи дека ќе има рекордно производство на храна во износ од преку една и пол милијарда евра, а приходите од извозот на прехранбени производи ќе изнесуваат 1,25 милијарди евра.

-Ова не се само бројки, тоа е нов потенцијал за економски раст и развој, чии бенефиции ќе ги почувствуваат сите земјоделци. Ќе го зголемиме износот за грантовите од 10.000 на 15.000 евра – цели 50%, за поддршка на младите земјоделци кои сакаат да започнат со земјоделска дејност, а дополнително обезбедуваме и 40% авансна исплата на тие средства, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот