Битиќи и Бектеши со најава за четврти сет мерки: Обезбедивме поддршка за занаетчиите во време на кризата

Фото: mia.mk

Предизвиците со кои се соочуваат занаетчиите во периодот на социо-економската криза предизвикана од Ковид-19 и нивните видувања за начините на поддршка за опстојување и развој на занаетчиството во нашата земја, беа тема на разговор на денешната средба на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши со претставници на занаетчискиот еснаф.

На средбата, како што информираат од кабинетот на Битиќи, вицепремиерот и министерот за економија истакнаа дека со претходните три пакети на мерки, Владата обезбедила поддршка на голем број граѓани и компании, а главна водилка беше помош на сите кои бележат загуби поради пандемијата и на тој начин да се одржи ликвидноста на компаниите и да се зачуваат работни места.

Тие истакнаа дека во наредниот, четврти сет на владини мерки, ќе се обезбеди поддршка за сите оние граѓани и стопанственици кои имаат потреба од дополнителна поддршка, а воедно ќе се обезбеди и поддршка за компаниите со кои ќе се овозоможи нивен побрз и подинамичен развој, што е приоритет на новите владините политики за новата развојна економија.

Министерот Бектеши информираше дека и во буџетот на Министерството за економија, преку Програмата за конкурентност, иновации и претриемништво за поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија и занаетчиство, се наменети средства за оваа дејност со која се поддржани околу 100 компании и неколку занаетчиски комори.

Претставниците на еснафот се заблагодарија на досегашната поддршка од страна на Владата, која била неопходна за нивно опстојување, а додадоа дека очекуваат да се одржува добрата комуникација со Владата и другите надлежни органи и да продолжат да бидат вклучени во креирањето на економските политики и мерки.

Занаетчиите беа опфатени со мерките за поддршка, а голем број самостојни вршители на дејност, ја искористија можноста за користење на мерката за субвенционирање на минималната плата во висина од 14.500 денари, со кои се помогна за зачувување на занаетчиската дејност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот