„Билд”: Меркел нема да дозволи Трамп да продолжи со поткопување на проектот „Северен поток 2“

Германската канцеларка Ангела Меркел остро реагираше на одлуката на американскиот Конгрес да се усвои закон, кој предвидува воведување санкции за „Северен поток 2″. Изјавата на Меркел може да се оцени како „објавување војна” на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува германскиот весник „Билд”.

– Не гледам друга можност освен да бидеме одлучни во текот на преговорите со САД дека е неприфатлива праксата на екстериторијални санкции, гласела „јасната порака” на Меркел.

Весникот наведува дека изјавата на германската канцеларка е „очевидно објавување војна” на Трамп и нема да дозволи САД да продолжат со поткопување на проектот за гасовод, кој таа го поддржува.

„Билд” нагласува дека без разлика на обидите кои ги презема американската страна, проектот во вредност од околу 10 милијарди евра „не може да биде прекинат” и наскоро ќе заврши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот