Бил Гејтс повторно најбогат според Форбс

Основачот и извршен директор на „Амазон” Џеф Безос ја загуби титулата најбогат човек во светот за време на послепладневното тргување во четвртокот, а на негово место повторно дојде ко-основачот на „Мајкрософт” Бил Гејтс.

Акциите на „Амазон” паднаа за 7 проценти, со што богатството на Безос се намали на 103,9 милијарди американски долари. Ова го стави на второто место меѓу најбогатите луѓе во светот.

Нов број еден е ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, вреден 105,7 милијарди долари.

Бил Гејтс дебитираше на првата листа на милијардери на Форбс во 1987 година со нето вредност од 1,25 милијарди долари. Безос првпат се приклучи на листата на Форбс на 400 најбогати Американци во 1998 година, една година откако Амазон излезе во јавноста, со нето вредност од 1,6 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот