Бил Гејтс: Пандемијата го запре напредокот во борбата против сиромаштијата и болестите

Бил Гејтс / Фото: Профимедиа

Пандемијата од коронавирус го запре 20-годишниот напредок во борбата против сиромаштијата и болестите, смета коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.

Извештајот од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, објавен во вторникот, покажува дека речиси во секој индикатор светот назадува во обидите за исполнување на целите на ОН за одржлив развој – да се стави крај на сиромаштијата и да се намали нееднаквоста.

Екстремната сиромаштија се зголеми за 7 отсто поради пандемијата, се наведува во годишниот извештај на фондацијата.

Покриеноста со вакцини – мерило за функционирање на здравствените системи – падна на ниво последен пат видено во 1990 година, „враќајќи го светот околу 25 години за 25 недели“.

Податоците исто така покажуваат дека економските последици од пандемијата ја засилија нееднаквоста, посебно за жените, расните и етничките малцинства. Луѓето кои живеат во услови на екстремна сиромаштија посебно се тешко погодени.

Во извештајот  се објавува секоја година од 2017, Бил и Мелинда повикуваат на глобална соработка во развој на дијагностиката, вакцините, лекувањето, брза изработка на вакцини и дози како и праведна испорака на тие средства врз основа на потребите, а не врз основа на способноста за плаќање.

„Светската криза е заедничка и бара заеднички одговори“, напишаа тие.

Гејтс во разговор за Би Би Си рече дека очекува ефикасна вакцина против ковид-19 да биде подготвена до почетокот на следната година. Додаде дека било која вакцина што ќе се произведе мора да биде достапна во сиромашните земји.

Новинарот на Би Би Си го праша Гејтс за низата теории на заговор кои за него кружат во екот на пандемијата од коронавирус.

„Не знам, загрижен сум поради тие гласини. Изненаден сум зошто сум познат како голем заговорник на вакцини и спасување на животи, а сега ме напаѓаат тврдејќи дека практично правам нешто сосема спротивно. Она на што сме најмногу горди во врска со работата на нашата Фондација е бројот на деца кои се денеска живи, десетици милиони деца, поради покривеноста со вакцини, во што учествувавме и тоа во секоја земја во светот“, рече Гејтс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот