БиХ втора во светот според бројот на смртни случаи од коронавирус на милион жители

epa-efe
Жена со заштитна маска поминува покрај улична уметност во Москва, инспирирана од пандемијата со коронавирусот во Москва / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Од прогласувањето на пандемијата, во БиХ се регистрирани 9.150 смртни случаи од Ковид-19.

Босна и Херцеговина е втора во светот според бројот на смртни случаи од коронавирус на милион жители, покажуваат податоците на „Ворлдометар”.

Само Унгарија е пред БиХ.

Од прогласувањето на пандемијата, во БиХ се регистрирани 9.150 смртни случаи од Ковид-19.

Од февруари минатата година до денеска, во БиХ се регистрирани вкупно 203.391 заразени со коронавирусот.

Според статистиката на страницата „Нашиот свет во податоци” (Our World in Data), која ги следи податоците од Универзитетот Џонс Хопкинс, БиХ има 5,53 смртни случаи на милион жители, а за време на бранот на заразата во март, имало дури 23,64.

Стапката на смртност во однос на бројот на заразени лица во БиХ е највисока во Република Српска.

Од 63.774 регистрирани случаи на Ковид-19 во Република Српска, починале 3.558 лица, а во Федерацијата БиХ 5.201 од 121.438 потврдени случаи на заразени со коронавирусот. Во областа Брчко починале 315 лица од 5.748 заразени.

Властите во БиХ сè уште не успеаја да обезбедат доволен број дози вакцини за масовна имунизација на населението, но во последните петнаесет дена бројот на новозаразени значително се намали, додека бројот на смртни случаи е сè уште голем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот