Безбедносните закони пред собраниските комисии

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за европски прашања, за надворешна политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, и Законодавно-правната комисија.

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправаат за предлог измените на Законот за следење на комуникациите, на Законот за внатрешни работи и на Законот за странци. Комисијата за одбрана и безбедност ќе ги разгледа и предлог – законите за Агенција за национална безбедност и за координација на безбедносно-разузнавачкaта заедница во Република Северна Македонија и двата во второ читање. Истите закони подоцна во текот на денот треба да бидат на дневен ред и пред Законодавно-правната комисија.

Пратениците на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, меѓу другото, ќе разговараат за Извештајот за работата на Агенцијата за aдминистрација за 2018 година, за годишниот извештај за работата на Судкиот совет и Народниот правобранител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот