Без струја утре повеќе делови од Скопје

струја

 Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Гази Баба, Сарај, Карпош и Кисела Вода, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:00 до 15:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улиците „Лазар Поп Трајков”, броеви 25, 27, 29, 31 и 33 во Општина Гази Баба.

Во периодот од 08:45 до 10:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Арнакија, Буковиќ, Ласкарци, Семениште, Паничари, Чајлане и Раовиќ во Општина Сарај.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Крушопек, Општина Сарај.

Во периодот од 10:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од  улицата „Варшавска” во Општина Карпош.

Во периодот од 09:00 до 14:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Балканска” и „Жил Верн”, како и корисниците кои се напојуваат од воздушната мрежа, Општина Кисела Вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот