Без струја утре делови од Кисела Вода и Центар

струја

Без електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците од делови од општините Кисела Вода и Центар.

Како што соопшти РЦУК по известување од ЕВН Македонија АД, без струја од 08.30 до 12.30 часот ќе бидат објектите на бул. „Борис Трајковски”, лоцирани пред каналот Усје, како и објектите лоцирани пред и зад станицата за технички преглед ПСС во општината Кисела Вода. Во периодот од 08.30 до 13.30 часот, без струја ќе бидат објектите во рамки на поранешна Стаклара, како и објектите во нејзина близина на кои напојувањето со електрична енергија им е од поранешна Стаклара во општината Кисела Вода

Во периодот од 10 до 15 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. „Кукушка” во општината Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот