Без струја дел од корисниците во неколку скопски општини

струја

Без електрична енергија утре во одреден период од денот ќе останат жителите на делови од општините Кисела Вода, Карпош, Сопиште и Ѓорче Петров, информираат од „ЕВН Македонија” АД.

Прекинот во дотокот на струја ќе биде поради технички зафати во електро-системот во Град Скопје.

Без електрична енергија во периодот од 08:30 до 15:00 часот ќе останат, корисниците од ул. „Томе Томшиќ” и дел од околните улици во општина Кисела Вода.

Во периодот од 09:00 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од објектите околу Педагошки Факултет на ул. „Каирска” во општина Карпош.

Во периодот од 08:00 до 16:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селото Нова Брезница, односно куќите на потегот меѓу двете трафостаници во општина Сопиште.

Во периодот од 12:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Александар Македонски”, ул. „Кадињача”, дел од ул. „Црногорска” околу објект бр. 45, дел од ул. „Борис Сарафов” од 142 до 148, како и ул. „Андреја Папрадички” во општина Ѓорче Петров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот