Берни Сандерс поднесе во Сенатот на САД резолуција за блокирање на продажба на оружје за Израел

берни сандерс
Берни Сандерс / Фото: Архива на Слободен печат

Берни Сандерс денеска до Сенатот на САД достави резолуција за блокирање на продажбата на оружје во вредност од 735 милиони долари на Израел, како одговор на конфликтот меѓу еврејската држава и лидерите на палестинското движење Хамас во Појасот Газа.

„Во момент кога бомбите направени од САД ја уништуваат Газа и убиваат жени и деца, не можеме едноставно да дозволиме да помине уште една огромна продажба на оружје дури и без конгресна дебата”, наведе Сандерс, (независен кој гласа со демократите).

Администрацијата на демократскиот претседател Џо Бајден ја одобри потенцијалната продажба на оружје од 735 милиони американски долари на Израел оваа година и го испрати до Конгресот на 5 мај на официјално разгледување. Демократските и републикански лидери во двата дома ја поддржаа продажбата за време на неформален состанок пред 5 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот