Бенџамин Лист и Дејвид Мекмилан добитници на Нобеловата награда за хемија

Нобелова награда за хемија / Фото EPA-EFE/Claudio Bresciani SWEDEN OUT

 Бенџамин Лист и Дејвид Мекмилан се годинашните добитници на Нобеловата награда за хемија, објави денеска Кралската шведска академија на науките, пренесува Си-Ен-Ен.

Тие ја добија наградата за развој на прецизна нова алатка за молекуларна конструкција: органокатализа. Ова имаше големо влијание врз фармацевтските истражувања.

Многу истражувачки области и индустрии зависат од способноста на хемичарите да конструираат молекули кои можат да формираат еластични и издржливи материјали, да складираат енергија во батерии или да спречат прогресијата на болеста. За такво нешто потребни се катализатори, супстанции кои ги контролираат и забрзуваат хемиските реакции, без да станат дел од финалниот производ.

Нобеловата награда за хемија ја доделува Шведската кралска академија на науките за извонреден придонес во различни области на хемијата.

Оваа награда им се доделува на научниците во Стокхолм на 10 декември секоја година, на годишнината од смртта на Алфред Нобел.

Нобеловата награда за хемија е доделена 112 пати, односно 185 лица биле одликувани од 1901 до 2020 година. Минатата година, Нобеловата награда за хемија им припадна на Емануел Шарпентие и Џенифер Дудна за развој на метод за модифицирање на геномот, познат како CRISPR. Тоа беше првпат две жени да освојат награда заедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот