Белоруски информативен портал кој ги снимаше протестите доби забрана за работа

 Белоруските власти ја суспендираа на три месеци работата на независниот сајт за вести Tut.by, кој активно го покрива протестното движење против претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.

Белоруското Министерство за информации соопшти дека работата на сајтот е прекината од 1 октомври до 30 декември.

Привремениот прекин на работата на страницата е донесен во судската постапка што ја започна тоа Министерство поради „информации чие емитување е забрането”.

Во Белорусија има протести од почетокот на август по реизборот на Лукашенко, кој е на власт од 1994 година. Главни опозициски личности и новинари се уапсени или принудени на егзил.

Порталот Tut.by, основан во 2000 година, е главната независна медиумска организација во Белорусија, која и претходно беше предмет на притисок од властите. Веб-страницата ги пренесува протестите, емитува видеа и фотографии од собирите на опозицијата и жртвите на репресијата.

Прочитајте и...  Ирска воведе најстроги мерки во Европа за спречување на коронавирусот

Tut.by соопшти дека од 1 октомври го губи статусот на медиум што му овозможува легално да пренесува информации од конфликтни и ризични зони за време на големите протести и други важни социјални настани во Белорусија. Додава дека ќе продолжи да работи како обична интернет-страница.

Поврзани вести

Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Михаило Донев

Неколку скопски општини утре ќе останат без струја

Слободен печат

ДУИ за Лајм најави нов конкурс за вработување, од 800 административци 640 ќе бидат Албанци

Илинка Иљоска

Хрватска: 890 новозаболени од ковид-19, починати 8 лица

Слободен печат

ВО ЖИВО: Обраќање на премиерот Заев и директорката на Институтот Јованова-Грујовска на научната конференција за македонскиот јазик

Слободен печат

Хуманитарен концерт: Интернационална екипа ќе свири за помош на колегата Игор Пармаковски

Слободен печат

Остави Коментар