„Белиот лотос“: Лесна комедија за комплицираните социјални односи

Фото: Instagram / The White Lotus

Шуто е создадено од Мајк Вајт, а шестделната мини-серија „Белиот лотос“ претставува социјална сатира што се одвива во ексклузивно одморалиште на Хаваи.

Првата епизода од новата серија на ХБО, „Белиот лотос“, премиерно беше емитувана неодамна, најавувајќи голем хит во текот на летните месеци.

Шуто е создадено од Мајк Вајт, а шестделната мини-серија „Белиот лотос“ претставува социјална сатира што се одвива во ексклузивно одморалиште на Хаваи. Во серијата играат Мари Бартлет, Кони Бритон,
Џенифер Кулиџ, Александра Дадарио, Фред Хелингер, Џејк Лејси, Британи О’Грејди, Наташа Ротвел, Сидни Свини и Стив Зен.

Серијата ги следи одморите на различни хотелски гости во текот на една недела додека тие се одмораат и се подмладуваат во рајот. Но со секој поминат ден, мрачната комплексност се појавува врз сликата на
совршени патници, весели вработени во хотелот и идилично место само по себе.

Како вработени во хотелот „Белиот лотос“ ги видовме менаџерот Армонд (Мари Бартлет), чиј живот тргнува по надолна линија по една неочекувана траума, како и рационалната менаџерка на спа-центарот во хотелот, Белинда (Наташа Ротвел), која влезе во еден емотивен вртлог поради гостин што има преголеми очекувања. Меѓу гостите се семејството Мосбахер, кое го сочинуваат успешната директорка Никол (Кони Бритон) која членовите на семејството ги третира како вработени, нејзиниот сопруг Марк (Стив Зен) кој се соочува со здравствен проблем и комплекс на пониска вредност, нивниот син Квин (Фред Хелингер), гејмер кој за првпат ги открива убавините на природата, нивната ќерка Оливија (Сидни Свини) и нејзината пријателка Пола (Бритни О’Грејди), двете средношколки со остар јазик.

Згодниот и повластен Шејн Патон (Џејк Лејси) престојува со својата сопруга Рејчел (Александра Дадарио). Шејн и Рејчел почнуваат да се запознаваат сè подобро и тоа почнува да предизвикува разни сомнежи.
Во моментот кога неговата наметлива мајка Кити (Моли Шенон) ги посетува без најава, нивниот меден месец се претвора во пекол. Тука е и Тања Меквојд (Џенифер Кулиџ), богата и нестабилна жена, која
закрепнува по смртта на својата мајка и која доаѓа во хотелот барајќи љубов и масажа.

Во останатите улоги се појавуваат Џон Грис, Џолин Перди, Кекоа Кекумано и Лукас Гејџ. Автор, сценарист и режисер на серијата е Мајк Вајт, а во исто време е и извршен продуцент заедно со Дејвид Бернард и
Ник Хол. Копродуцент е Марк Камин. Серијата е снимена на островот Мауи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот