Белгија повторно ги затвори стадионите, одложен и мечот на Зајков!

Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Поради коронавирусот ситуацијата во Белгија е сè потешка, гледачите нема да бидат присутни на натпреварите од белгискиот фудбалски шампионат во наредниот месец, одлучи белгиската Влада.

Тоа не е сè, има сè поголем број потврдени случаи на коронавирус кај фудбалерите, поради што се одложуваат натпреварите од елитниот ранг.

Така, три натпревари од 10 коло се одложени, Еупен-Мехелен, Шарлероа на македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков и Беверен, како и дуелот Серкл Бриж-Мускрон кои своите мечеви ќе ги играат во нов термин.

Меди Бајат, претседателот на Фудбалската асоцијација на Белгија, зборуваше за тешкиот удар по најавата на советничкиот одбор дека дуелите ќе се играат без навивачи.

– Тоа е тежок удар за нашиот сектор на активност, но во исто време ситуацијата е сериозна и наша одговорност е во овие моменти да бидеме солидарни со нашата влада и донесените одлуки. Пред сè, мора да ги поддржиме и да се надеваме дека за еден месец, ситуацијата ќе ни овозможи да ги вратиме навивачите на стадионите – рече Бајат, кој воедно е и спортски директор на Шарлероа.

А покрај фудбалските, и други спортски настани во Белгија ќе се организираат зад затворени врати овој викенд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот