Белгија бележи рекорден број на новозаразени со Ковид-19 во последните пет месеци

Белгија ковид-19
Медицинско лице и заразен пациент со ковид-19 во Белгија / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Белгија регистрира во просек 2.114 нови случаи на Ковид-19 дневно, највисок број во последните пет месеци, јави дописничката на МИА од Брисел.

Здравствените власти во Белгија информираат дека последен пат е постигнат толкава стапка на трети мај годинава кога многу помал број од населението беше покриено со вакцина.

На ниво на цела земја ова зголемување изнесува 23,5 отсто во рок од една недела, помеѓу 5 и 11 октомври.

Властите не вклучуваат аларм за сега и не станува збор за нови рестриктивни мерки со оглед на тоа дека бројот на новозаразени не се одразува врз болниците, иако остануваат внимателни и чекаат да видат каква ќе биде ситуацијата во наредните осум дена.

Белгија е една од земјите со највисока стапка на вакцинирани на државно ниво во Европа, наредните денови и состојбата во болниците ќе биде показател за ефикасноста на процесот на имунизација, односно дали новозаразените кои се вакцинирани нема да развијат тешки форми на Ковид-19, или дали невакцинираните ризикуваат тежок облик на болеста поради делта сојот.

Од овој месец во сила стапува и Ковид сертификат за влез на јавни собири, настани и угостителски објекти во повеќе региони во државата.

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот