Бела куќа: Нов телефонски разговор меѓу Бајден и Нетанјаху

Нетанјаху и Бајден / фото: МИА

Американскиот претседател Џо Бајден денеска телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за развојот на ситуацијата во Израел и Газа, соопшти Белата куќа, додека израелската армија ја продолжува воената операција во јужниот дел на Појасот Газа.

Засега не се објавени детали од разговорот, но Белата куќа соопшти дека подоцна ќе објави соопштение.

Разговорот на Бајден со Нетанјаху доаѓа откако претставници на Црвената полумесечина пријавија „интензивен оган од израелски беспилотни летала врз цивилите во болницата „Ал Амал“ во Кан Јунис, главниот град на јужниот дел на Појасот Газа.

Израел оваа недела започна голема операција врз Кан Јунис за да го заземе градот за кој вели дека сега е примарна база за борците на Хамас во Појасот Газа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот