Бела куќа: Инфлацијата е поради пандемијата, а не поради економската политика

Пандемија на ковид-19/ Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Советниците на американскиот претседател Џозеф Бајден ја правдаа неговата економска политика поради зголемената инфлација, наведувајќи дека тоа глобално прашање е поврзано со пандемијата на Ковид-19, односно дека тоа не е резултат на програмата на администрацијата во Вашингтон.

Најголем годишен пораст на потрошувачките цени во последните 31 година – 6,2 отсто, е забележан во САД во октомври, поттикнат од наглиот раст на цената на горивата и другите производи.

Републиканците тврдат дека инфлацијата е одраз на буџетските планови на Бајден.

– Несомнено е дека инфлацијата во моментов е висока. Удира по џебот на Американците. Тоа влијае на нивните планови. Сепак, важно е работите да се гледаат во одреден контекст. Кога претседателот ја презеде функцијата, бевме соочени со сеопфатна економска криза – изјави за Ен-Би-Си директорот на Националниот економски совет на Белата куќа, Брајан Дис. Според Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), цените растат во 38-те земји-членки на организацијата, додека цените на нафтата се четирикратно зголемени во текот на изминатите 18 месеци поради зголемената побарувачка по отворањето на економиите на пандемијата. Бајден утре треба да потпише билатерален предлог-закон за инфраструктурни инвестиции вреден билион долари.

Се очекува тоа да доведе до отворање работни места низ целата земја со трошење милијарди долари за обнова на мостови и патишта и поголем пристап до интернет за милиони Американци.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот