Бектеши: Ахмети има уште многу да ѝ даде на политиката во Македониј,

Министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека политичката сцена во Македонија, се уште има потреба од лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Прашан од Радио Слободна Европа, дали после 18 години како лидер на партијата, на предвидениот Конгрес, кој што треба да се одржи на 21 декември, ќе има смена на лидерското место кај ДУИ, Бектеши одговори дека “екипата што победува не се менува“.

– Во ДУИ екипата што победува не се менува, а посебно не тренерот или лидерот. Секако дека ќе има измени во раководството на ДУИ, но најбитно за граѓаните и поддржувачите на ДУИ е дека ДУИ ќе излезе со една нова програма, која ќе биде заснована на пет столба, но тоа ќе го оставиме да се дообјасни на Конгресот. Јас мислам дека тоа ќе биде една од најдобрите програми на политичките партии што ги има, не само во Северна Македонија, зашто тука за ДУИ нема конкуренција, секако дека се знае, но тоа ќе биде една одлична политичка програма што секако дека во наредните години ќе се препишува и од другите партии во регионот-, изјавил Бектеши.

И покрај падот на бројот на гласачи и на пратеници на ДУИ, Бектеши вели дека ситуацијата за разлика од 2016 година е сменета и очекува поголема подршка за ДУИ. Тој вели дека на следните избори ДУИ ќе има одлучувачка улога за тоа како ќе се движи Северна Македонија, а според него Македонија нема друга алтернатива освен членството во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот