Бекам во џакузи со друга жена! (ФОТО)

профимедиа

Актерката Кортни Кокс ги изненади фановите со фотката на која седи во џакузи со Дејвид Бекам

За среќа, пред да стигнат да реагираат се објави и друга фотографија, на кој со нив во џакузи се актерите Џеси Тајлер Фергусон и Ерик Стоунстрит од „Модерно семејство“.

Така стана јасно дека 44-годишниот поранешен фудбалер Дејвид Бекам и 55-годишната ѕвезда од серијата „Пријатели“ се заедно со остатокот од екипата на „Модерно семејство“, на чија серија поранешниот играч на Манчестер јунајтед е голем фан.

View this post on Instagram

Too hot in the hot tub! #modernfamily

A post shared by Courteney Cox (@courteneycoxofficial) on

Бекам подоцна објави фотографија на која заедно читаа сценарио за својата камео улога.

– Запознав нова ПРИЈАТЕЛКА на работа – се пошегува.

Дека неговата сопруга Викторија нема никакви проблеми со тоа, сведочи и нејзиниот коментар: „Едвај чекам. Бакнежи!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот