Игор Џамбазов / Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

ВИДЕО | Бегале од Кочани за Скопје: Владо Јаневски и Игор Џамбазов во небрано

Необична заедничка случка имале Владо Јаневски и Игор Џамбазов во Кочани, а на крајот завршила со бегање. Џамбазов во детали и во негов стил ја раскажа случката.

„Се јавува еден, го организира ’Мис на Кочани‘. Ми се јавува на мене и вели: ’Сакаме ти и Владо Јаневски да бидете во жири. Ќе свири некој бенд‘. Доаѓаме и имаше две бараки, службени, и јас му велам: ’Да им земеме податоци на девојките, име и презиме, година на раѓање, висина, гради, омилен глумец, боја‘. Овој ме гледа, ми вика: ’Срцка, не се пријави ни една“, раскажа Игор Џамбазов за радио Кочани.

Кога актерот го прашал организаторот што ќе прават, тој му одговорил: „Ќе се качиш на сцената, и трите најубави од публиката што ќе ги видиш, ќе ги кажеме кои се. Му реков ’важи‘ и на Владо му реков: ’Пеј две песни и те чекам во колата надвор‘. Пееше Владо две песни, имаше тој една девојка, нè возеше, куршум за еден и пол час во Скопје. Избегавме! Мис на Кочани, ни една пријавена“, се присети Игор Џамбазов.

– Долготрајноста на мојата кариера не е моја заслуга, за тоа се „виновни“ оние што ги сакаат моите песни и доаѓаат на моите концерти, тие направиле место во своите срца за таму да живеат моите ноти и зборови што им ги давам сите овие години. Ме радува што секоја година, покрај нив, на концерти забележувам нови млади лица што ги знаат сите мои текстови наизуст, и тие се мојот музички „подмладок‘“ што им вдахнува нов живот на моите песни и го одржува пламенот на мојата кариера – рече Владо Јаневски во едно интервју за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот