Бегалците од климатските промени немаат право на азил во Германија

Фото: EPA-EFE/GAILAN HAJI

Повеќето студии индицираат дека промените во животната средина се предизвикувачи, но не се меѓу главните причина за миграција.

Оние што ги напуштаат матичните земји како резултат на климатските промени, немаат право да побараат  азил или заштита за бегалци во Германија, соопшти Владата на таа земја, пренесува ДПА.

– Постои врска помеѓу климатските промени, миграцијата и барањето засолниште, но оваа врска сè уште не е доволно разгледана, изјави денеска портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи.

– Повеќето студии индицираат дека промените во животната средина се предизвикувачи, но не се меѓу главните причина за миграција, рече тој.

Коментарите доаѓаат откако тело за човековите права при ОН донесе „историска” одлука дека правото на азил не треба да им биде одземено на климатските бегалци доколку нивните животи се во опасност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот