Бебето Арчи наскоро ќе го прелета океанот: Кралскиот пар најави далечно патување (ФОТО) - Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Бебето Арчи наскоро ќе го прелета океанот: Кралскиот пар најави далечно патување (ФОТО)

Од Бекингемската палата е соопштено дека Хари и Меган на есен ќе се упатат во официјална посета на Јужна Африка.

Бебето Арчи оваа есен ќе тргне во својата прва прекуокеанска посета кога неговите родители принцот Хари и Меган, војвотката од Сасекс, ќе го одведат во службена посета на Јужна Африка.

На нивниот профил на Инстаграм пишува дека тоа ќе биде нивната прва официјална семејна турнеја, а Арчи тогаш ќе има околу 5 месеци, пренесува АП.

Од Бекингемската палата е соопштено дека Хари и Меган на есен ќе се упатат во официјална посета на Јужна Африка и дека Хари ќе го продолжи патот до Ангола, Малавија и Боцвана.

Хари и Меган на својот официјален профил на Инстаграм објавија дека навистина се радуваат на ова патување и средбата со многуте луѓе на терен.

Датумот на патувањето се уште не е објавен.

Хари и неговиот брат принцот Вилијам патуваат ширум Африка и двајцата се вклучени во напорите да се заштитат дивите животни на овој континент. Хари исто така е покровител и на хумантирната помош за децата од државата Лесото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close